Видео

3 декември, 2018

Новата сезона на серијата „Преспав“ започна со музички „Курцшлус“

Хумористичната ТВ серија „Преспав“ се покажа како еден од најуспешните македонски телевизиски проекти продуцирани во последно време кај нас. Јелена, Ула, Коста, инспектор Томе, Марио, Тони, Миле, Таљат… и останатите ликови направија вистинска револуција кај ТВ гледачите, кои оддамна не беа виделе нешто толку ново, современо, урбано, свежо, а сепак забавно и хумористично, спакувано во вид на домашен игран производ.

Затоа и „Преспав“ мораше да продолжи… Новата, трета по ред  сезона  на „Преспав“ ќе започне да се емитува на 17 декември, овој пат на фреквенцијата на јавниот сервис – МТВ, за време на викендите во сабота и недела, со почеток во 20.15 часот на првиот програмски сервис. Новата сезона наголемо се најавува како во медиумите, така и со големи билборди на кои се ликовите од серијата. Но, уште пред да започне, во новата ссезона на „Преспав“ се лучи „Курцшлус“!!! И тоа музички!

Неееее… не се секирајте, не е во прашање никакво недоразбирање, кавга или препирка… напротив! Така само се вика новата или поточно првата песна, поткрепена со вокална подлога на веќе добро познатата најавна инструментална тема на серијата.

Таму некаде на север од југот, едно малечко местенце Преспа се прочу во светот. Се појави чудовиште, се бараше нафта, дојдоа странски претставници, се организираа избори, и што ли уште не! Пансионот што никогаш не спие. Таму некаде е Преспав…!“ 

А во видеото за „Курцшлус“ покрај искористените веќе постоечки кадри од серијата, се појавува целата актерска екипа, која како и во серијата, секој од нив маестрално ја игра својата ролја, додека главниот вокал во темата го пее Игор Џамбазов, а рефрените хорски сите заедно.

Режијата и монтажата на видеото ги потпишува Ла Сандра Ѓоргиева, директор на фотографија е Дејан Димески, додека  музика, текст и аранжманот на најавната тема се на Мите Димовски, во чие студио „Тра ла ла“ и е снимена истата. Продуцент како и на целата серија е Пеце Талески.

Погледнете и слушнете како звучи и изгледа кога во „Преспав“ ќе се случи „Курцшлус“!

Извор: Вистина



Врати се горе ↑