Концерт makemakes foto1

21 април, 2015

Новата поп-рок атракција „Мејкмејкс“ специјални гости на концертот на „Уан репаблик“

Како и во многу европски градови така и во Скопје, „Уан репаблик“ на први јуни доаѓаат заедно со „Мејкмејкс“ (The Makemakes) како специјални гости на нивниот  концерт. Австриските поп рок звезди за неверојатно кратко време стануваат една од најпопуларните групи во својата држава, а сè повеќе се зголемува и бројот на нивните фанови и во цела Европа.

Нивната популарност  во Австрија е толку голема што  оваа година убедливо победуваат на изборот на песна за Евровизија во Австрија и ќе ја претставуваат  својата земја со песната  „I Am Yours“.

 

Како што претходно Ве информиравме, билетите за концертот се веќе во продажба преку продажната мрежа на „Купи карти за сè“, како и онлајн по цена од:

ПАРТЕР – 990,оо денари

ТРИБИНА (СЕДЕЊЕ) – 1200,оо денари

ФАН ПИТ – 1500,оо денари

ВИП – 1500,оо денари



Врати се горе ↑