Настани tose

29 септември, 2015

Новата песна од Тоше е отпеана на ромски јазик

На петти октомври, на осмиот по ред настан „Биди и ти дел од ѕвезденото небо на Тоше“, ќе биде промовирана целосносно нова авторска песна од Тоше Проески на ромски јазик со наслов „Евта пуране иконе“ или во превод седум стари икони, а нејзин автор е познатиот режисер Емир Кустурица. Покрај новата песна, фановите на Тоше ќе имаат можност да ја слушнат и англиската верзија на песната „Малечка“, која беше дел од албумот „По тебе“ издаден во 2005 година.

 

Целиот настан „Биди и ти дел од ѕвезденото небо на Тоше“ е во организација на фан клубот на Тоше од Македонија со подрршка од Фондација „Тоше Проески“. Како што велат од фан клубот, овој настан се одржува по желба на Тоше, бидејќи на својот последен концерт на стадионот во Скопје тој побара од својата публика секој петти октомври да се собираат на хуманитарен концерт.

Тие ги повикикуваат сите оние кои ја сакаат музиката на најпознатиот македонски пејач во понеделник на петти октомври да бидат дел од ѕвезденото небо за Тоше и да ги слушнат „Евта пуране иконе“ и англиската верзија на „Малечка“.

 



Врати се горе ↑