Аудио

3 јуни, 2017

Новата песна на Лорд е најдобрата што ја напишала досега

Долгоочекуваното, второ по ред студиско издание на новозеландската ѕвезда Лорд ќе пристигне на 16 јуни, а после најавниот сингл Green Lights и баладата Liability, сега стигна и темата насловена „Perfect Places“, за која пејачката вели дека е најдобрата што ја напишала досега.

Како и за целиот материјал на „Melodrama“, така и за оваа песна главен соработник е американскиот музичар и продуцент Џек Антоноф, како и Ендру Вајат и Френк Дјукс, а како звучи сето тоа можете да слушнете во продолжение. Уживајте!



Врати се горе ↑