Македонија Ilija-Te-izgubiv

3 април, 2013

Новата песна на Илија Ќосевски посветена на татко си

Илија Ќосевски ја промовира неговата најнова песна во чест и сеќавање на неговиот татко, но откако се случи трагедијата на денот на промоцијата, тој ја посвети и на неговите сограѓани кои трагично загинаа во сообраќајна несреќа. Песната е стара 5 години, од самите почетоци на компонирање на Илија, а кога неговиот татко ја слушнал демо снимката, му кажал „Браво Иле…си се надминал себеси“, па затоа немал храброст да ја издаде сиве овие години… но, еве дојде и тој ден.

Музиката и аранжманот ги сработи сам, а текстот заедно со  Трајче Здравков. Снимена е во студиото Magnus Production, а продуцирана од Митко Јовановски – Magnus. Песната е снимена со врвни професионалци кои воедно се и професори во Музичкото училиште во Штип. Соло деловите во песната ги отсвиреа неговата сестра Марија Илиева (виолина) и Горан Кавраков (саксофон), член во нашата позната група НОКАУТ. Почувствувајте ги сите емоции во песната насловена „Те изгубив“.

 



Врати се горе ↑