25 април, 2016

Новата песна на Ален Хасановиќ ќе ве натера да заиграте!

Популарниот македонски пејач Ален Хасановиќ ги израдува своите обожаватели со видео запис за песната „Оди, биди сечија“, која претендира да биде вистински летен хит. Имено, Хасановиќ преку емисијата „Гранд специјал“ ја претстави својата најнова песна на која како комплетен автор се потпишува самиот. Брз ритам, со примеси на румба и балкански мелос, новата песна на Ален освојува уште на првото слушање и ве повикува да заиграте.

Видео записот е снимен на повеќе локации во прекрасниот Охрид, со веќе проверената екипа на „Зати продукција“, а како изгледа сето тоа можете да погледнете горе. Уживајте!

alen hasanovic idi budi svacija (1)



Врати се горе ↑