Свет r-cm

12 август, 2014

Нова соработка за Колдплеј и Ријана?

Фронтменот на групата Колдплеј, Крис Мартин открил дека работи на нови материјали со Ријана, со која бендот соработуваше во 2011 година на албумот „Mylo Xyloto“, односно за синглот „Princess Of China“. Имено, во неодамнешно интервју за американската радио станица Фреш 102.7, Мартин потврдил дека Колдплеј веќе работат на нов албум кој ќе го наследи актуелниот „Ghost Stories“, како и тоа дека се надева на повторна соработка со убавицата од Барбадос.

„Знаевме дека сакаме албумот да го носи насловот ’Ghost Stories’, а потоа да почнеме да работиме на нешто поинакво. Знам, најлошиот одговор на сите времиња… но имаме идеја, а потоа ќе заминеме на турнеја“, изјавил Мартин за новиот албум на популарниот британски бенд, а на прашањето дали Ријана ќе гостува на новиот албум одговорил: „Се надевам, да… Имам многу добра песна, која… добро, можеби, се надевам.“

 



Врати се горе ↑