Настани

13 јуни, 2019

Нова социјално-кулинарско-музичка платформа на 22 јуни зад МКЦ

„Скопје барбикју џем“ (Skopje BBQ JAM) е нова социјално – кулинарско – музичка платформа која ќе се случи на 22 јуни во МКЦ Парк (паркот зад Младинскиот Културен Центар) во организација на МКЦ, „Фанки фреш“ (Funky Fresh) и „Уај криејтив“ (Why Creative).

Ќе вкусуваме врвно мени креирано од нашите најпознати скопски готвачи, ќе слушаме двајца странски и дванаесет домашни артисти во една опуштена целодневна дружба со многу храна и музика, гејминг-зона, чил-зона, денсинг-зона и разновидни активности за сечиј вкус и секоја возраст“, порачуваат организаторите.

Музичката програма ќе се одвива од 14.00 часот па сè до еден часот по полноќ. Главни ѕвезди се ирскиот диџеј Флип и рускиот диџеј Вадим, додека од локалните уметници ќе настапат диџеите Аритон, Чваре, Дабл Џи, Гоце, Хајпертек, Илич, Нати Фаја Ес-Ес, Оки Доки, Славе и Страјк. 

Повеќе информации за настанот на Фејсбук.



Врати се горе ↑