Настани recirquel_550

20 март, 2013

Нова сцена на Сигет: Cirque du Sziget

Дами и господа! Сигет фестивал од оваа година воведува уште една, нова грандиозна сцена која ќе ја збогатува и онака веќе колоритната програма на фестивалот. Cirque du Sziget ќе биде домаќин на величенствени современи циркус продукции, но и импресивни претстави на млади унгарски акробати креирани специјално за фестивалот. Уште еден доказ дека Сигет е многу повеќе од музички фестивал!

Fruzsina Szép, програмскиот директор на Сигет, изјави: „Нашата публика и досега имаше можност да се забавува со најразлични акробатски претстави, но од оваа година овие продукции ќе имаат своја посебна локација, токму поради големото внимание кое го предизвикуваа кај посетителите. Нашата идеја е секој ден на една иста локација да имаме сѐ што се подразбира под циркус шоу.”

Идејата беше родена на ланското издание на фестивалот за време на настапот на група млади унгарски акробати во шаторот Magic Mirror. Нивната новоформирана продукција наречена Recirquel, навистина ја воодушеви публиката.

Cirque du Sziget ќе има визуелни ефекти кои автентично ќе ја доловуваат атмосферата на патувачките циркуси во деведесетите години на 19 век, а изведбите ќе бидат од жанрот на најсовремениот циркус популарно познат под името nouveau cirque, специјално креирани за овогодишното издание на Сигет.

Ќе има и интерактивни програми во раните попладневните часови кога публиката ќе има можност да настапува заедно со акробатите и артистите. Секој ќе може да ги испроба циркуските направи, а воедно да биде и сведок на брилијантни продукции. Во доцните попладневни часови, пак, ќе може да се види како млади, штотуку дипломирани акробати, го допираат небото со нивните експлозивни направи и ги тестираат границите на физичката реалност. Ќе бидат придружувани од млади пејачи и диџеи, па заедно ќе се обидат да создадат одлична авантура за посетителите.  Во вечерите, повторно ќе може да се проследат продукциите на Recirque, зачинети со магијата и театарот на акробати што го одземаат здивот.

Деновите на новата локација ќе завршуваат со Swing & Circus, односно мешавина на свинг, електро-свинг, танц и циркус, сѐ во едно. Немојте да бидете изненадени ако полу-голи трапез артисти прелетуваат над вашите глави.

 



Врати се горе ↑