За Вас

7 март, 2019

Нова потрага по музички ѕвезди на „Мериот“ и „Дистрикт“ во Скопје

Хотелот „Мериот“ и ресторан-барот „Дистрикт“ со новиот проект „Дистрикт-ѕвезда во подем“ (DISTRIKT NEW RISING STAR), се во потрага по неоткриени музички таленти. Хотелот со отворен повик ги повикува сите талентирани музичари кои имаат желба за успех и кои сакаат да бидат слушнати и откриени, да се пријават и со тоа да добијат шанса за настап во ресторанот на хотелот „Мериот“.

Отворениот повик е упатен до сите музички ентузијасти, бендови, диџеи, дуо, соло-артисти или можеби гитаристи кои имаат желба за успех и кои сакаат да бидат слушнати. Преку дадената можност за настап во својот ресторан, „Мериот“ им помага на младите таленти да го покажат она што го знаат, да ги исполнат своите сценски соништа и да се доближат до сопствениот можен успех.

Сè што треба да направите за да се пријавите е да испратите аудио или видео снимка од вашата изведба, име и презиме, возраст, контакт инфо и ваша фотографија на distriktbarkitchen@gmail.com. Потрагата по нова ѕвезда ќе трае во текот на целата година, но бидете меѓу првите и аплицирајте веднаш!

За повеќе информации и прашања околу отворениот повик достапен е телефонскиот број 071 238 522. Искористете ја шансата и бидете новата ѕвезда на „Дистрикт!

Биди новата ѕвезда на Дистрикт! 💫Дали сте талентиран бенд, DJ, дуо, соло артист или можеби гитарист кој ја чека својата…

Gepostet von Distrikt Bar & Kitchen am Freitag, 1. März 2019



Врати се горе ↑