Аудио celine-dion

19 октомври, 2013

Нова песна од Селин Дион: Слушнете ја „Somebody Loves Somebody“

Од претстојниот дваесет и петти студиски албум во нејзината кариера, изданието насловено „Loved Me Back To Life“, кое го најави со истоимениот сингл, канадската дива Селин Дион деновиве претстави уште една песна со наслов „Somebody Loves Somebody“. Познато е дека некои од соработниците на новото издание се и Ни-Јо, Сиа и Стиви Вондер, како и продуцентот Ег Вајт, кој работел на двата албума на Адел, потоа Бејбифејс, Емануел Киријаку, Хашам „Шам“ Хусеин и многу други.

Новата песна можете да ја слушнете во продолжение, а веднаш потоа и списокот на песни кои ќе се најдат на новото издание, закажано за 1-ви ноември.

 

  • 1. Loved Me Back To Life
  • 2. Somebody Loves Somebody
  • 3. Incredible (Duet with Ne-Yo)
  • 4. Water And A Flame
  • 5. Breakaway
  • 6. Save Your Soul
  • 7. Didn’t Know Love
  • 8. Thank You
  • 9. Overjoyed (Duet with Stevie Wonder)
  • 10. Thankful
  • 11. At Seventeen
  • 12. Always Be Your Girl
  • 13. Unfinished Songs

Бонус песни од луксузното издание на албумот:

  • 14. How Do You Keep the Music Playing?
  • 15. Lullaby (Goodnight, My Angel)



Врати се горе ↑