Аудио s.a.r.s.

20 март, 2013

Нова песна од С.А.Р.С.

На почетокот на годинава белградскиот состав С.А.Р.С го најави третиот по ред студиски албум насловен „Kuća časti“ (Куќата чести), а тоа го направи со видео записот за првиот сингл „Мир во светот“. Деновиве пристигна и вториот сингл од овој албум, а тоа е нумерата „Митохондрије“.

На новиот албум ќе се најдат 11 песни, а готуваат колегите Shamso69 од хрватскиот бенд Бркови, Саша од TBF, Dialup Lama од групата Болесна Штенад и црногорскиот состав Who See, кој е овогодинешен претставник на Црна Гора за Евровизија. Бендот на својот сајт им понуди на фановите да ги остават своите е-меил адреси и на тој начин ќе бидат првите кои ќе дознаат кога ќе излезе новиот албум, кој ќе биде поставен за бесплатно симнување.

По „Митохондрије“, во следните неколку дена ќе биде претставен и третиот сингл од претстојното издание.

 



Врати се горе ↑