Видео metallica

19 март, 2014

Нова песна од Металика

Членовите на култниот бенд Металика деновиве го одржаа првиот концерт за 2014 година и веднаш ги изненадија своите фанови со дел од нивните први нови песни за последните пет години. Бендот го одбележа својот концерт во Богота, Колумбија, со првата изведба во живо на песната „The Lords of Summer“, која е првото музичко парче од групата по албумот „Death Magnetic“ од 2008 година. Остатокот од вечерта изведуваа песни по желба на публиката, со што оваа турнеја е наречена „Metallica by Request“, бидејќи секоја вечер фановите избираат 17 песни од групата.

Што се однесува на статусот на новиот албум, Кирк Хемет за магазинот Ролинг Стоун минатиот месец изјавил дека бендот сè уште не започнал со снимање, но имаат напишано добар дел од материјалот: „Отсвиривме некои делови од музиката и сфативме дека сè ќе среди во иднина. Џејмс Хитфилд има преку 800 разни музички делови, а јас околу 400. Кога ќе сфатиме што точно ни одговара, тогаш ќе почнеме сите тие делови да ги претвораме во песни и ќе видиме каде ќе нè однесе сето тоа.“ – рекол Хемет.

 

 



Врати се горе ↑