Аудио 1012762_650394881669704_1711467901_n

15 декември, 2013

Нова песна од Лорд: Слушнете ја „No Better“

Сè попопуларната пејачка и музичарка од Нов Зеланд, 17-годишната Лорд минатиот месец потпиша договор со издавачката куќа Songs Music Publishing вреден 2,5 милиони долари, а откриено е дека од неа се очекуваат соработки со други ѕвезди како што се Дипло и Д Викенд, како и пишување песни за други изведувачи. Претседателот на горенаведената издавачка куќа, Рон Пери во таа пригода изјавил: „Таа ќе има големи хитови, не само како Лорд. Како авторка на песните, Ела Јелиќ О’Конор (вистинското име на пејачката) ќе се потпише на некои од најголемите хитови кои доаѓаат, бидејќи станува збор за уметник кој се раѓа еднаш во генерација.“

Деновиве Лорд ги изненади своите фанови со нов сингл, а темата насловена „No Better“ можете да ја слушнете во продолжение.

 



Врати се горе ↑