12 октомври, 2013

Нова песна од Лејди Гага: Слушнете ја „Aura“

По „Applause“, од претстојниот трет студиски албум „ARTPOP“ на Лејди Гага пристигна уште една песна „Aura“, која ќе биде дел и од саундтракот за филмот „Machete Kills“, во кој пејачката има мала улога со која ќе дебитира на големото платно. Песната пристигна во форма на текстуален видео запис во кој се прикажуваат и сцени од филмот, во кој улогите ги играат Дени Трехо, Чарли Шин, Мел Гибсон, Мишел Родригез, Софија Вергара, Антонио Бандерас, Куба Гудинг Џуниор, Ванеса Хаџинс и други.

Вториот официјален сингл од новото издание ќе биде темата „Venus“, која ќе биде издадена на 27-ми овој месец, а „ARTPOP“ кој ќе пристигне на 11-ти ноември ќе ги содржи следните песни:

1. Aura
2. Venus
3. G.U.Y.
4. Sexxx Dreams
5. Jewels N’ Drugs feat. T.I., Too $hort & Twista
6. MANiCURE
7. Do What U Want feat. R Kelly
8. ARTPOP
9. Swine
10. Donatella
11. Fashion!
12. Mary Jane Holland
13. Dope
14. Gypsy
15. Applause



Врати се горе ↑