Аудио lana_del_rey_single_cover

27 мај, 2014

Нова песна од Лана Дел Реј: Слушнете ја „Shades Of Cool“

Долгоочекуваниот нов албум на Лана Дел Реј кој го носи насловот „Ultraviolence“ ќе се појави на 16 јуни и ќе содржи 14 песни. За продукцискиот дел беше задолжен Ден Ауербах, а по првиот сингл „West Coast“, пејачката вчера го претстави и вториот. Станува збор за песната „Shades Of Cool“ чиј продуцент е Рик Ноуелс, со кој Лана соработувала и за темите „Summertime Sadness“ и „Young And Beautiful“. Како звучи новата песна можете да слушнете во продолжение, а веднаш потоа и краткиот промотивен клип за новото издание.

 

 



Врати се горе ↑