7 ноември, 2012

Нова песна од Кејти Мелуа

Кога британската пејачка Кејти Мелуа започна да го снима нејзиниот петти студиски албум „Secret Symphony“, нејзината цел веше да најде колекција од убави песни напишани од други артисти и да ги сними со оркестар во нејзиниот уникатен стил. И покрај тоа што немаше во план да напише нов материјал, една од песните „како самата да се напиша“. Песната „Forgetting All My Troubles“ опишува како љубовта може да осветли мрачни моменти, да даде надеж и да стопи нечие срце.

Инаку, албумот кој беше издаден неодамна, содржи преработки на песни како што се „Love Me Tender“ од Елвис Присли, „It’s Over“ од Рој Орбисон и други. Кејти во моментот е на продолжена европска турнеја за која шти ги доби едни од најдобрите критики во нејзината кариера.



Врати се горе ↑