Аудио DSC_0076-2

18 јануари, 2013

Нова песна од Горан Папаз

После неколкуте нумери кои се искачуваа на врвот на топ листите на македонските радио станици, Папаз и Масевски повторно ја освежуваат македонската музичка сцена со нов сингл насловен „Untouchable” (Недопирлива). Оваа нумера е во Dubstep (Electro dub) стил и е уникатна по тоа што е инструментална, целосно отсвирена на саксофон и е нешто сосема ново кај нас, а и подалеку од границите на Македонија. 
Како комплетен автор и продуцент повторно се јавува Александар Масевски. Оваа тема ќе има две изданија, второто ќе биде во smooth jazz стил и ќе се најде на самиот албум, кој полека но сигурно Папаз и Масевски го подготвуваат.

 



Врати се горе ↑