Аудио demi_lovato_album_cover

7 мај, 2013

Нова песна од Деми Ловато – „Made In The USA“

Деми Ловато ќе го претстави нејзиниот нов четврт по ред студиски албум на 14-ти мај, кој е насловен едноставно „Demi“, а ќе го наследи „Unbroken“ од 2011 година. Првиот сингл од ова издание беше песната „Heart Attack“, а деновиве излезе уште една песна, која веројатно ќе биде вториот сингл од новото издание. Станува збор за песната „Made In The USA“, а како што пишува Idolator, прашање на време е кога ќе слушнеме ремикс во кој ќе бидат споени оваа песна и познатиот хит на Мајли Сајрус „Party in the USA“. Во продолжение слушнете ја „Made In The USA“.

Извор: Idolator



Врати се горе ↑