Аудио ejMdufE4

2 септември, 2013

Нова песна од Дарко Стојчев и Леа

Поранешниот вокал на групата Ај Кју, Леана Таќи – Леа и понатаму е присутна на македонската музичка сцена, а покрај соработката со прилепскиот состав Д Хаундс за темата „Да дишеме слободно“, пејачката соработуваше и со Дарко Стојчев. Како плод од нивната соработка се темите „Whatever“, како и „Eyes On the Prize“, која беше претставена деновиве.

Во овој за сега безимен состав покрај Дарко (гитара) и Леа (вокал), се појавуваат и Стефан Стојчев (бас гитара) и Стефан Сајковски (тапани). Леа се потпишува и како автор на текстовите на двете песни, додека музиката е дело на Дарко, а снимени се во студиото „marryPHAT“ на Ивица Јанкуловски.

 



Врати се горе ↑