Аудио 1013564_10152041114169488_1035725824_n

7 јули, 2013

Нова песна од Боби Андонов: Слушнете ја „War Is Love“

По одличната балада „Fall Into My Love“, која ја претстави на почетокот на годинава, Боби Андонов продолжува со работата на авторски материјали. Најновото музичко парче од нашиот млад и надежен пејач е уште една балада насловена „War Is Love“, потпишана од Боби и Сем Вотерс, а продуцирана од Луис Бјанканиело.  Ова е четврта авторска композиција за Андонов, па се надеваме дека наскоро ќе нè израдува и со видео запис, а секако и деби албум. Не се потребни дополнителни пофални зборови, само уживајте во прекрасната музика и милозвучниот глас на Боби!



Врати се горе ↑