Видео AliceInChains (1)

21 декември, 2012

Нова песна од Алис ин чејнс

Легендарниот бенд Алис ин чејнс (Alice in Chains) деновиве ја промовираше новата песна „Hollow“, која како официјален сингл ќе биде издадена на 8-ми јануари. За песната е изработен интересен видео запис кој се состои од фотографии праќани од нивните фанови на Инстаграм, на кои се испишани некои од стиховите на песната.

Новиот албум на бендот е најавен за на пролет следната година, а истиот ќе биде нивно второ студиско остварување по смртта на пејачот Лејн Стејли, кој почина во април 2002 година по десетгодишна борба со зависноста од дрога.

Во продолжение погледнете го спотот за „Hollow“.

 



Врати се горе ↑