Македонија мартија

21 март, 2017

Нова песна, нов изглед за Мартија

Нашата минатогодишна претставничка на детскиот Евросонг, Мартија Станојковиќ и композиторот и продуцент Александар Масевски веќе извесно време работат на нова песна, а судејќи по фотографиите објавени на социјалните мрежи, наскоро ќе имаме можност да видиме комплетен аудио-визуелен пакет. Имено, талентираната кумановка деновиве сподели неколку фотографии, на кои може да се види нејзината коса обоена како виножито.

м

17352514_1260184930762572_7576669224348575443_n

17362654_1260066314107767_8555320644115371668_n

Покрај работата на авторскиот материјал, Мартија наоѓа време и за по некоја преработка на познати хитови, кои ги објавува на нејзиниот канал на Јутјуб, а последна во низата е темата „High On The Beach“ од Лана Дел Реј, која можете да ја слушнете во продолжение. Уживајте!

Фотографии: Инстаграм



Врати се горе ↑