3 септември, 2014

Нова песна и видео запис од Мики Секуловски; Погледнете го „Друга не допира“

Светски видео запис за „Друга не допира“, шести по ред официјален сингл на пејачот Мики Секуловски се промовираше на Youtube каналот на Sky Eye Entertainment. Песната е пуштена во етер на сите македонски радија, телевизии, како и на балканските видео канали.

 „Среќен сум за својот шести сингл и сигурен сум дека ќе им се допадне на фановите. Тимот на луѓе со кои што работев се вистински професионалци и со нив имам одлична соработка и разбирање. Оваа песна и спот се најава за тоа што следува, односно мојот деби албум што наскоро ќе биде промовиран“, изјави Мики Секуловски.

Главен модел во спотот е Билјана Шкортова, а истиот е сниман на повеќе локации во државата, поточно кај клисурата во Демир Капија, Кавадарци и во околината на Прилеп. Во режија е на Илија Тодоровски од продукцијата Sky Eye Entertainment, а музиката и аранжманот за песната се на Зоран Алексиќ, додека текстот го напиша пејачката Рената Кралевска.

Последниот сингл на Мики, „Како да преживеам“, беше изведен на фестивалот на забавни мелодии „Макфест 2014“, и беше проследен со големи аплаузи од публиката. Секуловски во моментов е ангажиран со своите настапи во клубовите низ државата.

 



Врати се горе ↑