Македонија Elena Milenkovska

13 март, 2013

Нова песна и видео запис од Елена Миленковска

Горила Продукција со задовоство Ве известува за уште една успешна соработка и подршка на младите и талентирани македонски артисти. Со нејзината прва песна насловена „Добар или лош“, младата пејачка Елена Миленковска го најавува својот почеток во борбата за освојување на македонската публика.

Аранжманот и музиката на песната е дело на Лазар Цветкоски, додека како текстописец се потпишува Магдалена Цветкоска – Ена. За видео записот на „Добар или лош“ пак, ќе се погрижи уште една добитна комбинација, веќе докажаниот тандем Владимир Ивановски – Дади и Нена Зафировска.

Спотот деновиве се снимаше на неколку локации во Белград и во Прилеп, а во него покрај Елена се појавува и најдобриот македонски пливач во моментов, Мартин Стефановски.

„Многу сум задоволна од соработката со ,Горила продукција’ и од целото искуство околу снимањето на спотот. Ова е мој прв спот и навистина бев возбудена. Се надевам дека на македонската публика ќе ѝ се допадне, бидејќи ова е само почеток. Целосно ѝ сум посветена на музиката и на мојот изглед и ветувам дека во блиска иднина ќе има уште многу нови работи од мене“ – вели Елена.

Промоцијата на новиот видео запис ќе биде за 10-тина дена, а дотогаш уживајте во првиот сингл на Елена, „Добар или лош“, кој можете бесплатно да го симнете на следниот линк.



Врати се горе ↑