9 октомври, 2013

Нова песна и видео запис од Џоле: Погледнете го „Сами“‏

Со промената на годишното време, дојде и нова промена во звукот на кој сме навикнати кога го слушаме Џоле. Имено, по издавањето на „Таков сум ЈБГ“, „Фристајл“ и „Колку си им потребен“, Џоле се претстави во поинакво светло со издавањето на новата песна со видео спот која се вика „Сами“. Спотот е сниман на повеќе локации низ Скопје од страна на Кристијан Теодоров, човекот кој стои зад камерата на сите спотови на Токсиколози, видеото е обработено од Филип Пауновски, а музиката ја направи Баже Јовановски.

„Сите позитивни промени се добредојдени“ е еден од повеќето стихови во песната кои ја обележуваат како зрела, свесна и реална композиција во која можат да се пронајдат сите, и млади и стари. „Сами“ е дел од серијата на видеа кои ќе излезат наредниов период од страна на Токсиколозите.

 



Врати се горе ↑