Македонија Bobi Mojsovski piano

23 февруари, 2013

Нова песна и видео запис од Боби Мојсоски

„Јас и Ти“ во изведба на Боби Мојсовски е најемотивната љубовна приказна некогаш излезена на нашите простори , која наликува на краток игран филм, а визуелно раскажана во само четири минути, во режија на веќе докажаниот режисер/продуцент Даниел Јовески, кој полека но сигурно наметнува филмски стандарди во реализирање на кратките музички видео-записи во нашата држава. Музиката е на Јован Василевски, а аранжманот и оркестрациите се дело на Гоце Симоновски. Боби овој пат повторно ги освојува нашите срца со една многу убава и моќна балада. Деновиве се очекува официјална телевизиска и интернет промоција на песната заедно со нејзиниот видео-запис.

Додека ја очекуваме промоцијата на новата песна, да се потсетиме на видео записот за одличната балада „Те краде тој“, кој исто така го изработи Даниел Јовески.

 



Врати се горе ↑