Македонија dfxdsn

6 март, 2013

Нова песна и видео запис на Зад Аголот‏

„Јас и ти“ е новата песна на Зад Аголот која ќе биде промоврана и со видео запис, јавуваат од Пасворд Продукција. Ова музичко остварување, како и видеото служат за да се подигне свеста на луѓето што нѐ опкружуваат. Сите сме сведоци дека се гушиме во сопствениот смог и наместо да го бараме излезот заедно, ние се ограничуваме и делиме на различна основа.

Ова е прв проект од ваков карактер за момците од Зад Аголот. Инспирирани од „Еко Песна“ на Дуо Трио со примеси на блуз благодарение на Игор Станоевски (Игимен) и Нина Јанева може да се каже дека ова на некој начин е преработена песна која носи многу голема порака.

Видео записот е дело на веќе докажаниот Бранко Блажевски (Покрај Бренсис Видео Обработка). Инструменталниот дел го одработи скопскиот блузер Игор Станоевски (Игимен) продуциран од страна на Марко Ѓурѓиќ.

Промоцијата на новата песна и видео запис на Зад Аголот е закажана за недела (10.03.2013) и ќе се одржи во “Stage Caffe” (City Mall, Скопје), со почеток во 18:00 часот.

фото: Петар Милевски


Врати се горе ↑