Македонија 3

16 август, 2013

Нова песна и прв видео запис за младиот Јасмин Алиевски

Новата песна на младиот музичар и пејач Јасмин Алиевски е во лесен латино и летен ритам. Препознатлив по својата долга коса и моќен глас, Јасмин и за оваа песна, како и за претходните се одлучи да ја продолжи соработката со Лазар и Магдалена Цветкоски, кои за него ја изработија „Сакам да заборавам“. Познатиот продуцент Лазар се погрижи за музиката и аранжманот, додека неговата сестра, пејачка и текстописец Магдалена Ена го направи текстот.

Јасмин за „Сакам да заборавам“ деновиве го сними и неговиот прв официјален видео запис. За неговата целосна изработка се погрижи тимот на Горила продукција на чело со режисерот Владимир Дади Ивановски. Видео записот се снимаше на неколку локации во Охрид и ќе биде промовиран наскоро. Со оваа негова четврта по ред песна, Јасмин само го најавува своето сè почесто учество на музичката сцена и вели дека многу посериозно ќе се потруди да го заработи своето место на македонската естрада.

Во продолжение да се потсетиме на макфестовската „Далеку од тебе“.

 



Врати се горе ↑