Аудио jade

20 март, 2013

Нова музичка надеж: слушнете ја „Freedom“ од Џејд

Секојдневно се појавуваат нови музички надежи ширум светот, но помал е бројот на оние кои остануваат во центарот на вниманието. Младата и надежна пејачка Џејд (Jade) од Луизијана, која неодамна ја придружуваше Соланж Ноулс на нејзината турнеја.

Откако се пресели во главниот град на светот, Њујорк, таа започна со подготовка на нејзиното ЕП издание насловено „Jaded“, а го најавува со песната „Freedom“, која ја потпишува Џејмс Фонтлрој (пишувал песни за Џастин Тимберлек, Ријана, Бритни Спирс…), а во продукција на Пејџ Брадрс. Во продолжение слушнете ја „Freedom“ и одлучете сами дали оваа млада изведувачка успешно ќе опстојува на музичката сцена.

Извор: Idolator



Врати се горе ↑