Настани 1001851_10151722673703698_1409191027_n

20 јуни, 2013

Нова гитарска бина на Егзит

Новата бина именувана Riffs & Beats, нуди програма во која можат да се пронајдат сите оние кои сакаат рифови и битови со став. Жанровите врзани за гитарскиот звук од панк, преку жестокиот рок, електро такт, па сѐ до тешкиот метал ќе се најдат во богатиот спектар на новата бина. Неизбежниот дел од EXIT, гитарските рифови на различни изведувачи, ќе ја одбележат оваа нова бина, но и простор околу неа. Затоа подгответе се за гласна и квалитетна свирка!

Moonspell, Cockney Rejects, Lollobrigida, Bjesovi, DLM, Brkovi, Piknik, Pero Defformero, Kill Kenny, Hex, Vox Populi, Hype, E-Play, The Way Of Purity, Bombarder, Kolaps, Iskaz, Feud, Čovek Bez Sluha, како и бендовите кои се избрани на егзитовиот конкурс Play @ Exit: Against The Odds, Infernal Tenebra, Punished, Bomber, Deeper Down, Enjoy Sarma, Dark Sky, Tetrapank, а сѐ ќе биде надополнето и со специјално мрачниот Vilindar Tribal Bellydance перформанс.

Moonspell, е еден од водечките Metal Goth Rock бендови на денешницата. Во кариерата подолга од 2 децении од тешкото блек метал андерграунд движење направија вистинска армија од фанови, а го пронајдоа својот пат и во комерцијалните меинстрим кругови. Овој бенд перфектно го комбинира екстремниот метал звук со старата школа на дарк и готик рок стилови, а на тој начин со секој нов албум привлекуваат сѐ повеќе и повеќе публика, додека пак старите двордокорни фанови никогаш не се одрекуваат од нив. Бендот кој заедно со Ник Кејв и Пронг на 14-ти јули на тврдината дефинитивно ќе го затвори кругот на активности и кој на посетителите им ветува незаборавна вечер!

Cockney Rejects, пионерите на ои-панк звукот, оформени се во 1979 година, во лондонскиот East End. Браќата Micky Geggus и Jeff Stinky Turner заедно со  Vince Riordan и Andy Scott ја сочинуваа првата постава која го сними ЕП изданието “The Flares and Slippers” за независната етикета „Small Wonder“. Големиот успех кој го доживеа таа плоча го исфрли бендот во прв план, а многу бргу потоа големата куќа EMI им понуди договор. Синглот „I Am Not A Fool“ по само неколку дена стигна до топ листите. За Cockney Rejects бргу се расчу во цела Европа. Следеше синглот “Bad Man” а веднаш по него и „Greatest Cockney Rip Off“, кој се искачи до високото 21 место што му овозможи на бендот да се појави во славното ТВ шоун „Top Of The Pops“.

Песната „Oi, Oi, Oi“ од вториот албум, заслужна е што стрит-панк музиката е наречена едноставно – Oi!

Групата „Бјесови“ од самиот почеток го привлече вниманието со необичниот состав со двајца пејачи, грижливо осмислените настапи, препознатливите и лични текстови, како и музичката подлога во рамките на гранџ музичкиот рок правец на од кој како природен дел, и генерациски и идејно, во тие рани деведесетти години беа и српскиот бенд Бјесови. Составот се менуваше според потребите и замислите на двоецот кој и го основа бендот: Зоран Маринковиќ и Горан Мариќ. Бендот изгради култен статус на сцената и нивното име се изговара со почит меѓу фановите но и меѓу музичарите. Нивните настапи во живо се атракција за сите љубители на тврдиот рок стил и во себе носат огромна доза на неочекувани луцидни пресврти кои публиката често ја оставаат во шок. Бјесови до денес имаат објавено шест албуми, а најголемиот успех на групата беше вториот по ред (безимен) албум.

Групата „Бркови“ од Загреб постои од 2004 година. Заситени од промовирањето на т.н. „народна“ музика во медиумите и задушувачките поделби на музиката на урбана и не урбана, петорицата млади панкерски ориентирани артисти одлучија да ја свират народната музика на единствениот начин кој го знаат – жестоко и бескомпромисно со цел да поттикнат конечно ослободување од владеачкото малограѓанство кое ги притиска.

Неодминливите бини на EXIT фестивалот – UrbanBug и Radio AS FM!

Традицијата на добриот звук продолжува. Двете, многу популарни и посетени бини и овој пат ќе допринесат за одличната атмосфера на EXIT фестивалот.  Urban Bug бината и Radio AS FM бината ќе и понудат на својата публика одличен провод и некои од најдобрите диџеи од регионот и светот.

Музичкото списание Urban Bug го подготвува регионалниот стејџ на Exit од 11-14 јули! За традиционално врвната забава ќе бидат задолжени повеќе од 70 домашни и регионални диџеј имиња, меѓу кои и Горан Кан и Видиновски од Македонија. Тие, како и секоја година, ќе настапат во бек-ту-бек диџеј сетови, пласирајќи различни правци од хаус до техно. Освен одличните фестивалски ноќи, Urban Bug подготвува и компилација која ќе биде објавена на Exit етикетата, а на која ќе се најдат траки на регионалните артисти. Бесплатното преземање ќе биде овозможено преку сајтот www.exitfest.org.

Меѓу првите потврдени изведувачи на бината, меѓу останатите се наоѓаат и Марко Милосављевиќ, Бокее, Марко Вуковиќ, Лале и Факир. Словенечкиот проект Beat Bitches, кој го чинат четири девојки, ќе го претстават својот четворократен бек-ту-бек. На бината ќе се собере и регионалната екипа на диџеи, вклучувајќи ги и финалистите на Burn Studios натпреварувањето за диџеј резидентура на Ибица меѓу кои се и проектот Robot Rock од Унгарија и Amar Kay и Jowoo од Босна и Херцеговина, како и Milok и Soft 85 од Црна Гора и Горан Кан и Видиновски од Македонија.

Локацијата годинава ќе биде променета, па таа ќе се наоѓа лево од тунелот за Денс-арената. Оние кои нема да бидат во можност да ни се придружат, ќе можат да следат лајв стрим од сите настапи преку сајтот www.urbanbug.net 

Radio AS FM стејџот и оваа година го завзема своето познато место на Exit фестивалот! Од 10-14 јули, љубителите на клубското доживување ќе ги забавуваат најслушаните диџеи на радио станиците во Нови Сад и Војводина, како што се DJ Shpeera, DJ Morning Indian, DJ Conte, DJ Macro и многу други. Најдобриот клуб на отворено, меинстрим музика, врвен звук и специјалните гости од Австрија и Велика Британија, секој ден ќе прават одлична атмосфера на EXIT од 20:00 часот до раните утрински часови. Radio AS FM стејџот ќе биде сигурно ваше незаобиколно место за забава на Exit фестивалот.

Во следните две недели, EXIT ќе ги објави сите фестивалски бини, така што следете и наслушнувајте, меѓу нив се крие токму она што го чекате!

Петдневните влезници за Exit сѐ уште се достапни по промотивната цена од 3.580 МКД сѐ до 1-ви јули до полноќ. По оваа цена, од 2-ри јули, влезниците ќе изнесуваат 4.510 МКД сѐ до 6-ти јули до полноќ.

Актуелната промотивна цена на еднодневните влезници од 1.560 МКД ќе трае до 1-во јули, до полноќ, а веќе од 2-ри јули цената за еден ден на фестивалот ќе изнесува 1.890 МКД. За време на одржувањето на фестивалот, цената на еднодневните влезници ќе биде поскапа, така штопромотивниот период од продажбата е идеална прилика за сите оние на кои EXIT им е најубавиот летен период,  да дојдат до своите карти на најлесен начин.

Продажбата се затвора на 6-ти јули на полноќ.



Врати се горе ↑