Свет article_big_1383216932EMA_2013_Bruno_Mars

1 ноември, 2013

Нова ѕвезда на MTV EMA 2013 – Бруно Марс

Изведувачот кој ги освојува врвовите на топ листите и има три номинации за претстојните Европски Музички Награди на MTV, Бруно Марс е најновата ѕвезда од списокот на изведувачи кои на 10-ти ноември ќе настапат во арената Ziggo Dome во Амстердам. Преносот од црвениот тепих ќе започне да се емитува од 20 часот, додека манифестацијата започнува во 21 часот.

Бруно Марс, кој во моментов е на европскиот дел од својата распродадена светска турнеја „Moonshine Jungle Tour“, ќе се упати во Амстердам на MTV EMA за да настапи со неговиот хит од мултиплатинестиот албум „Unorthodox Jukebox“. Бруно е номиниран во три категории и тоа за Најдобра песна за „Locked Out of Heaven“, Најдобар машки изведувач и Најдобар американски изведувач. Ова ќе биде негов втор настап на овие доделувања. Голем успех постигна во 2011 година, кога MTV EMA се одржуваа во Белфаст, каде освои награда за Најдобар нов изведувач и Најдобар MTV Push изведувач.

„Одлично си поминавме минатиот пат и не можам да дочекам повторно да настапам на 10-ти ноември!“ – изјавил пејачот воодушевено.

Марс ќе им се придружи на веќе најавени изведувачи Кингс оф Лион, Ајкона Поп, Мајли Сајрус, Кејти Пери, Робин Тик, Снуп Дог, Афроџек, како и бендовите Имеџин Дрегонс и Д Килерс. Гласањето е сè уште во тек и ќе трае до 8-ми овој месец, а своите гласови можете да ги дадете на mtvema.com.

 



Врати се горе ↑