Македонија Moeto_Maalo

19 декември, 2012

Нова авантура на Тони Зен

По учеството во Vip Survivor кога ја откривме храбрата и силна страна од неговата личност како и неговиот авантуристички дух, Тони Зен најавува нова авантура во периодов што следува, овој пат со нов соработник.

„Го сакам адреналинот и возбудливите моменти во животот, затоа почнувам нова авантура преку една нова соработка која ќе биде откриена на отворената забава што ќе се случи наредниот четврток (27-ми декември) во клубот Social во Скопје“ – вели Тони.

На забавата тој ќе биде специјален гостин, а освен откривањето на соработката за присутните таа вечер се најавуваат и многу зимски изненадувања. Новата 2013 година освен со нова авантура Тони ќе ја започне и со снимање на два видео записи за темите „Под контрола“ и „Сетила“ кои се наоѓаат на неговиот нов албум „Микроскопски организам“.



Врати се горе ↑