Балкан marko milovanovikj

30 ноември, 2012

Нова атракција на YouTube! Погледнете го Марко Миловановиќ!

Деновиве на сервисот ЈуТјуб осамнаа видео клипови на кои може да се видат одличните изведби едно талентирано момче со потекло од Србија. Станува збор за Марко Миловановиќ кој се потрудил одлично да ја интерпретира добро познататa песна на Брејк „За нас“. Според онa што можевме да го дознаеме за него од неговиот профил на Фејсбук е дека живее во Скопје, а доаѓа од Крушевац, Србија.

Колку само добро звучи кога некој постар хит посебно од македонската забавна музика кој веќе дури и сме го подзаборавиле ќе го слушнеме повторно да биде отпеан. Токму тоа деновиве се случува на музичкиот канал Youtube, а богaми и голема атракција на социјалните мрежи. Покрај „За нас“, Марко ја отпеа и „Ракија“ од  српската група С.А.Р.С. Во продолжение погледнете ги прекрасните изведби на Марко.

Извор: Бекстејџ



Врати се горе ↑