7 ноември, 2013

Нов видео запис од Тијана: Погледнете го „Сузе од пепела“

Нашата претставничка за Евросонг 2014,  Тијана Дапчевиќ покрај подготовките за песната со која ќе се претстави на евровизискиот спектакл, продолжува и со претставувањето на нови материјали. Таа деновиве го промовираше видео записот за нејзината нова песна насловена „Сузе од пепела“, а со оглед на тоа што на почетокот на годинава вети дека ќе биде поактивна и на македонската сцена, се надеваме дека ќе имаме можност оваа прекрасна балада да ја чуеме и на македонски јазик. Како изгледа и звучи новата тема можете да видите горе. Уживајте!



Врати се горе ↑