20 февруари, 2013

Нов видео запис од Скрипт

Од новиот албум „#3“, кој Д Скрипт го претставија во САД во септемвти минатата година, а нешто подоцна и во другите региони, веќе имавме можност да го чуеме и видиме најавниот сингл „Hall Of Fame“ во која гостува и познатиот Вил Ај Ем, а како втор сингл беше претставена песната „Six Degrees of Separation“. Дојде време и за нов сингл и видео запис, а изборот падна на песната „If You Could See Me Now“ чија продукција ја потпишуваат долгогодишните соработници на бендот Ендру Фремптон и Стив Кипнер. За новата песна е карактеристично и тоа што, веројатно за прв пат, имате можност да чуете како рапува фронтменот Дени О’Донохју, а за режијата беше задолжен Пол Бенкс.

 Извор: Idolator/MTV



Врати се горе ↑