3 октомври, 2013

Нов видео запис од С.А.Р.С.: Погледнете го „Лутка“

Белградскиот состав С.А.Р.С. годинава го објави својот трет студиски албум насловен „Куќа части“ (кој можете бесплатно да си го симнете од  веб страната на бендот), а деновиве го претстави и видео записот за баладата „Лутка“, кој премиерно беше прикажан на регионалниот канал MTV Adria. Покрај оваа песна, на албумот се најдоа уште 10 теми од различни жанрови, меѓу кои и „Мир у свету“ и „Митохондрије“.

С.А.Р.С. е номиниран за наградата Best Adria Act за претстојните Европски Музички Награди на MTV, а доколку сакате да гласате за нив, тоа можете да го направите овде. Во новиот видео запис, чија режија ја потпишува екипата на Студио ФрејмВладимир Милошевиќ и Марија Ердељан, главната улога ја има манекенката Ирена Крстиќ, а како изгледа сето тоа можете да видите горе.



Врати се горе ↑