1 октомври, 2014

Нов видео запис од „Репетитор“ за песната „Бићу бољи“

Белградскиот состав „Репетитор“ е „тројка која создава незамисливо енергетско поле“ и „едноставно продира и зрачи како челична кугла за рушење згради“! Така е со секој нивни концерт, но и со секоја снимена песна или видео запис.  Благодарение на креативните луѓе кои црпат инспирација од енергијата на Борис Властелица, Ана-Марија Цупин и Милена Милутиновиќ, објавен е видео записот за песната „Бићу бољи“, нов сингл од актуелниот албум на групата, изданието „Добродошли на океан“(Мунли рекордс).

„Еден ден ни се јави Сташа Томиќ, кој порано не го познававме, и нè извести дека ќе сними видео запис за ’Бићу бољи’, без разлика дали сакаме или не… Веднаш нè привлече неговата решителност да ја екранизира оваа песна со или без нашиот придонес, па во рамките на нашите можности помогнавме да се сними овој видео запис. И така, со помош на пријателите, одличните статисти и каскадери, вториот видео запис од нашето актуелно издание е снимен во ’живописниот’ абмиент на Индустријата за мотори Раковица“, објаснува Борис Властелица на кој начин дошло до снимање на видео записот за оваа песна, кој можете да го погледнете горе.

Во текот на есенва, групата ќе настапува ширум Европа, започнувајќи од 2 октомври, кога ги очекуваат концерти во Виена и Братислава.



Врати се горе ↑