6 април, 2013

Нов видео запис од Прајмл Скрим

По видео записот за првиот сингл насловен „2013“, составот Прајмл Скрим деновиве го претстави видео изданието на вториот сингл од претстојниот албум „More Light“, а тоа е нумерата „It’s Alright, It’s OK“. Видео записот содржи снимкки од настапите во живо на бендот, како и архивски снимки од Њујорк, а со бендот свири Симон Батлер, кој го замени Мани од групата Стоун Роузис.

Албумот „More Light“, закажан за мај годинава, ќе го наследи изданието „Beautiful Future“ од 2008 година. Групата го снимаше албумот во Лондон и Лос Анџелес, а обвивката ја направи уметникот Џим Ламби, кој во 2005 година беше номиниран за престижната награда Turner. На албумот гостуваат легендарниот пејач на групата Лед Цепелин, Џими Пејџ и Марк Стјуарт од групата Поп Груп.

 

 



Врати се горе ↑