6 март, 2013

Нов видео запис од Масимо Савиќ

На новиот успешен албум на хрватскиот музичар Масимо Савиќ насловен „Додирни ме случајно“ се најдоа голем број одлични синглови на кои им се придружува новиот „Гдје смо сад“, чиј текст го напиша неговата сопруга Ени Кондиќ. Емотивниот видео запис го режираше Бруно Грацин, а во главната улога се појавува кореографот и танчер Емил Матешиќ. Како и самата песна, така и во видео записот се зборува за едно од основните човекови прашања – „Гдје смо сад“ преку рефренот и кореографијата на Емил ја нагласува потребата за љубов и чувства за на крајот сè да заврши со духовно прочистување, односно исчезнување на бариерите да сакаме со цело срце.  „Во овој видео запис имав желба да ја покажам таа внатрешна борба. Како одраз во огледало меѓу телото и душата“ – изјавил режисерот. „Беше голем предизвик да се работи со Масимо, чија музика ја сакам и почитувам, како и соработката со Емил Матешиќ, кој со секое свое движење дава посебен вид на експресија“.

Видео записот беше премиерно прикажан во понеделникот (4-ти март) на регионалниот канал MTV Adria, a од вчера е достапен за прегледување и на сервисот ЈуТјуб. Како сето тоа изгледа погледнете горе.

Извор: MTV.rs



Врати се горе ↑