5 декември, 2013

Нов видео запис од Лорд: Погледнете го „Team“

17-годишната музичарка Ела Марија Јелиќ О’Конор од Нов Зеланд, светски позната под псевдонимот Лорд во септември годинава го издаде својот деби албум насловен „Pure Heroine“, кој го најави со сè уште актуелниот мега-хит „Royals“. Како втор сингл од овој албум во јуни беше издадена темата „Tennis Court“, а како трет во септември пристигна песната „Team“. Токму овој трет сингл деновиве доби и свое видео издание, а како изгледа сето тоа можете да видите горе.



Врати се горе ↑