28 февруари, 2013
Нов видео запис од Калиопи
Од новиот албум насловен „Мелем“ на Калиопи, кој од денеска е достапен на iTunes, претставен е уште еден видео запис, кој е трет по ред од ова издание (по „Вучица“ и насловната нумера „Мелем“). Станува збор за песната „Мрвица“, која исто така е комплетно авторско дело на Ромео Грил, а видео записот го изработи Данчо Стефков. Уживајте со уште едно одлично музичко парче од Калиопи!