26 февруари, 2013

Нов видео запис од Фрајлите

Спрскиот квартет Фрајли (The Frajle), кои на манифестацијата Златна бубамара на популарноста беа прогласени за Балканска група на годината, денеска го претставија новиот видео запис за песната „Фина“, кој неодамна се снимаше во Загреб и како и целиот нивен деби албум („Нашиот прв албум од патувањето“) е во духот на патувањето. За локација беше одбрана старата железничка станица надвор од градот, а видео записот е декориран во стилот на триесеттите години од минатиот век со, како што велат авторите,  мистика од германскиот експресионизам и уникатни реквизити од кои некои датираат од XIX век. Режијата ја потпишува Филип Филковиќ, познат по соработката со Дамир Урбан, Хладно Пиво и Едо Маајка, додека целокупната арт дирекција е доверена на Зденка Башиќ, чие име се поврзува со видео записите на Џибони.

Четирите вокали Марија, Наташа, Јелена и Невена, познати по своите внимателно подготвени настапи со атрактивни костими, на Златната бубамара на популарноста ја „одведоа“ публиката на едно одлично музичко патување, а настапот го завршија со познатата „Чукни во дрво“ од Леб и сол.

Извор: glas-javnosti.rs/Фото: Филип Филковиќ, фејсбук фан страница на Фрајле

 



Врати се горе ↑