3 април, 2013

Нов видео запис од Ерос Рамацоти

Познатиот италијански музичар Ерос Рамацоти, кој во моментов е на светска турнеја,  деновиве го претстави видео записот за вториот сингл „Questa Nostra Stagione“ од актуелниот албум „Noi“, издаден во ноември минатата година. На ова издание кое е шеснаесетти студиски албум за Рамацоти, се најдоа и дуетите со Никол Шерцингер и актерот Енди Гарсија, како и белгискиот состав Хуверфоникс. Интересно е тоа што Ерос сакал да соработува и со Еминем, Мадона и Џенифер Лопез, но тие ја одбиле неговата понуда.

 „Noi“ има и шпанска верзија насловена „Somos“, а сингловите на двата јазици излегуваат истовремено. Така и за овој сингл „Questa Nostra Stagione“, во истиот ден излезе и видео записот за шпанската верзија „Este Tiempo Tan Nuestro“. Во прилог можете да ги погледнете и двата видео записа или пак оној јазик кој повеќе го сакате.

 



Врати се горе ↑