24 декември, 2013

Нов видео запис од Еди Марфи

Како што веќе Ви пренесовме, познатиот актер, комичар и музичар Еди Марфи во септември годинава се врати на музичката сцена, а неговиот шести студиски албум „9“, закажан за следната година, го најави со првиот сингл насловен „Red Light“ во кој гостува Снуп Лајон, по кој следуваше и темата „Temporary“. Како втор официјален сингл од претстојното издание Марфи ја објави песната „Promise (You Won’t Break My Heart)“, која неодамна доби и свое видео издание.

Оваа емотивна балада има едноставна црно-бела екранизација, а Марфи е прикажан во студио со неговиот бенд и придружните вокали. Како изгледа сето тоа можете да погледнете горе.

 



Врати се горе ↑