31 август, 2013

Нов видео запис од Џибони: Погледнете го „20th Century Man“

Познатиот хрватски музичар Златан Стипишиќ, познат како Џибони го сними својот прв албум на англиски јазик кој го спонзорираше хрватскиот ЗАМП. На изданието насловено „20th Century Man“ се најдоа 8 потполно нови авторски песни и две обработки на песни од последниот албум „Toleranca“, а веќе имавте можност да видите два видео записа за темите „Hey Crow“ и „Broken Finger“.

Деновиве пристигна уште еден видео запис од ова издание, овој пат за насловната тема „20th Century Man“, во режија на Филип Филковиќ, а како изгледа сето тоа можете да погледнете горе.



Врати се горе ↑