21 декември, 2013

Нов видео запис од Џејмс Артур: Погледнете го „Recovery“

Британскиот музичар и победник на минатогодишното идание на британскиот X Factor, Џејмс Артур во текот на изминатата година вредно работеше на неговиот деби албум, а изданието насловено едноставно „James Arthur“, покрај победничкиот хит сингл „Impossible“, го најави и со неговиот прв оригинален сингл „You’re Nobody ’Till Somebody Loves You“, а како трет официјален сингл беше претставена темата „Recovery“. Токму оваа песна деновиве доби и свое едноставно видео издание, а како изгледа сето тоа можете да погледнете горе.



Врати се горе ↑