21 март, 2013

Нов видео запис од Дубиоза Колектив

Босанскиот состав Дубиоза Колектив неодамна го претстави видео записот за песната „Еуро Сонг“, во која ја обработуваат песната „Сва бол свијета“, со која БиХ се натпреваруваше на Евровизија пред две децении. Песната ќе се најде на нивниот претстоен албум насловен „Апсурдистан“, кој ќе го објават на 15-ти април, една година по објавувањето на нивниот последно издание „Wild Wild East“, со што бендот ја продолжува традицијата на издавање албуми на секои година дена.

Видео записот е снимен во живо, во текот на тајниот концерт кој се одржа во сараевскиот клуб „Опера“ на 19-ти декември минатата година.

 

Извор: BalcanRock.com



Врати се горе ↑