22 ноември, 2013

Нов видео запис од Битлси: Погледнете го „Words of Love“

По 50 години откако го објавија својот деби албум, легендарните Битлси имаат нов видео запис и тоа за песната „Words of Love“, која се најде на нивниот четврт студиски албум насловен „Beatles for Sale“ издаден во 1964 година. Capitol Records е издавачката куќа која го објави видео записот за оваа песна која претставува преработка на синглот кој во 1957 година го напиша Бади Холи. Во видео записот вметнати се делови од архивирани снимки од настапите на Битлси во времето кога владеела светска манија за нив.

Легендарниот британски бенд е најпродаваниот бенд во историјата, а според одредени извори и тврдења на издавачката куќа EMI Records, се претпоставува дека до сега продале милијарда албуми ширум светот. Добитници се на 7 Греми награди, и се најуспешни уметници во историјата на билбордовата Хот 100 листа.



Врати се горе ↑