16 ноември, 2012

Нов видео запис на „Ептен“ и Бени!

Кумановската рок атракција „ЕПТЕН“, како што ги нарече Игор Џамбазов, и понатаму продолжува во навистина добар ритам. По успешната промоција на нивниот прв сингл „Доста е“, „Ептен“ во етер со нов видео запис за песната „Ти ми зеде сè“ , на која како гостин изведувач се појавува македонската музичка легенда Бени Нон Стоп. Успешната екранизација на една навидум универзална животна приказна ја реализира Огнен Шапковски (Мелем продукција), кој на еден специфичен начин успева да го опише душевното страдање на човек заробен во споствениот ум. Видео запис кој дефинитивно ги поместува стандардите и успешно ги ибегнува закоравените клишеа. Спотот представува своевидна увертира за онаа што „Ептен“ го планираат за почетокот на следната година, а тоа е промоција на нивниот деби албум „Доста е“, кој е снимен во Загреб кај еден од најдобрите хрватски продуценти Рејхан Окановиќ. Ако овој спот е увертира , тогаш во следната година ни предстојат интересни придвижувања на македонската рок сцена.

Фото: Иван Михајловиќ Ефто



Врати се горе ↑